Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на покачувањето на акцизата е одбиен

Пратениците на СДСМ го одбија предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се укине покачувањето на акцизата на дизелот од 3,5 денари. Покачување кое граѓаните и стопанството ги чини милиони и кое предизвика спирала на покачување на поголем број на производи.

Откако премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски влегоа во Владата, една од мерките кои ги донесоа е зголемување на цената на дизелот со изговор дека тоа ќе направи дестимулација на возењето автомобили, но и оти дел од парите ќе одат во заштита на животната средина.

Единствено што направија е дополнително осиромашување на граѓаните. Цената на дизелот од 46 денари се зголеми на огромни 62 денари или нешто над 30 отсто, што претставува ценовен шок за сите оние категории на граѓани кои го користат како енергенс.

Според податоците од Државниот завод за статистика, во 2015. година, во Македонија имало регистрирани 163.038 дизел возила.

Според некои пресметки граѓаните плаќаат по 2400 денари повеќе со покачувањето на акцизата, односно над 6 милиони евра годишно повеќе пари. Но тука не се пресметани трошоците на транспортерите како и покачувањето услугите за превоз. Тука се претпоставува дека вкупната сума на пари ќе биде околу 40 милиони евра директен трошок, додека индиректниот ќе биде уште поголем. Доволно е да се посети кој било маркет во државата и ќе се забележи дека цената е повисока на огромен број производи.

Влатко Ѓорчев кон крајот на минатиот месец најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог за укинување на покачувањето од 3,5 денари.

– Секој еден граѓанин на Македонија чие што возило вози на дизел пред една година, пред оваа Влада одеше на бензинска пумпа и го полнеше резервоарот за 1.500 денари. Сега истото полнење на истиот резервоар со оваа влада, е околу 2.000 денари. Значи секој граѓанин, одењето на бензинска пумпа полнењето на резервоарот поради штетните политики на Зоран Заев и Тевдовски, ги чини дополнителни 500 денари. Да не зборувам за камионџиите, кои што полнат и кои што трошат многу поголеми средства или пак автобуските превозници, рече Ѓорчев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.