Предлог-законот за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 април 2017. година, не беше усвоен во Собранието. Мнозинството од пратениците не го поддржаа законот, односно за усвојување на овој предлог-закон 25 пратеници гласаа „за“, а 59 пратеници „против“. Како што рече спикерот на Собранието, Талат Џафери повеќе нема да се дебатира за овој предлог-закон.