Предлози за гонење 7 лица за непочитување мерки во Кавадарци, но не и за доктор Цаца во Скопје?!

Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска поднесе предлози за казнен налог за седум лица, сите од Кавадарци кои во одделни случаи го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Ваков предлог се уште нема за доктор Цаца која се шеташе по симпозиуми, забави и свадби, вратена од Италија. Дали блискоста со партијата нa власт е пресудна во случајот?
Како што се наведува во соопштението од ЈОРСМ, за време на пандемија, епидемија од глобални размери определена со одлука на Генералниот секретар на Светската здравствена организација на 11.03.2020 година, обвинетите не постапиле според Писмена наредба на Министерството за здравство со која се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување.


-Со одлуката е определено спроведување на задолжителна самоизолација за секој државјанин на Република Северна Македонија кој влегува во државата на граничните премини, а патува од високо ризични или средно ризични земји утврдени со листата на Светската здравствена организација на денот на кој влегува во државата. Сите обвинети кои во државата дошле од различни држави, при влез во земјава на 16 март 2020 година потпишале изјави за самоизолација. Но при проверка од полициските службеници не биле затекнати во нивните домови во кои требало задолжително да ја спроведуваат мерката, се наведува во соопштението.
За сите обвинети, се посочува, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци до Основниот суд Кавадарци ги достави предлозите со кои предлага судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од 50 дневни глоби.

ПРОЧИТАЈТЕ И ОВА: 

Апелираме да се остане дома. Полицијата почна да казнува

Вонредна состојба настанува кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии.

ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!

Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.