Една од најголемите аукции посветени на Мајкл Џексон некогаш организирана во Европа, ќе се одржи на 3 јуни во аукциската куќа „Агутс“, сместена во Неји-сур-Сен, во близина на Париз, кога ќе бидат понудени дури 50 предмети од колекцијата на овој незаборавен крал на поп-музиката.
Меѓу највредните предмети се ракавицата од кристал „Сваровски“ што Џексон ја носеше на турнејата „Bad“ додека ја изведуваше песната „Billie Jean“, неговата шапка и јакна со светки од турнејата „Victory“, како и перница украсена со кристали.
На оваа аукција се претставени многу предмети од богатата кариера на Џексон, вклучувајќи облека, сценски костими, модни додатоци, автограми и три цртежи насликани од самиот поп-пејач. Сите предмети доаѓаат од колекцијата на норвешкиот колекционер Ричард Фосас, кој ги собирал неговите предмети со децении. Тие сега се дел од голема приватна колекција во Соединетите Американски Држави.
Меѓу значајните предмети на аукцијата е ракавицата украсена со кристали Сваровски што Џексон ја носел за време на неговите изведби на песната „Били Џин“ на турнејата Bad, а нејзината проценета вредност е помеѓу 100.000 и 150.000 евра, или 117.143 до 175.715 американски долари.
Ќе биде понудена и шапка од турнејата „Виктори“ од 1984 година, како и костуми поврзани со иконските музички видеа на Џексон, како што е „Scream“.
Пред самата аукција, сите предмети ќе бидат изложени на јавноста за време на специјална изложба што ќе се одржи во аукциската куќа „Агутс“ во Неји-сур-Сен, во близина на Париз, на 30 мај, 1 и 2 јуни.
Интересот за животот на Џексон повторно се зголеми, особено по објавувањето на биографскиот филм „Мајкл“, кој од утре ќе се прикажува во кината низ целиот свет.
The post Предмети од Мајкл Џексон на аукција: меѓу нив и ракавица од турнејата „Bad“ (фото) appeared first on Во Центар.



