Научниците предупредија дека валканиот екран на мобилниот телефон може да биде главен причинител за зарази од инфекции, а особено од коронавирусот, ако не го чистиме редовно.
„Ако ги миете рацете редовно и потоа почнете да го допирате екранот на вашиот смартфон, па лицето – ете ви потенцијална рута за инфекција“, вели Вилијам Кевил, професор на Универзитет во Саутхемптон.
Површините како стаклото од кое воглавно се прават екраните за смартфоните, се релативно инертни и се идеално опкружување за развој на вирус.
Тој предлага двапати дневно да ги чистиме телефоните, еднаш за време на ручек и уште еднаш пред легнување во кревет.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.