Предности од местењето на креветот секое утро

Изгледа дека местењето на вашиот кревет нуди многу повеќе од тоа што го спречува гужвањето на постелнината. Всушност, резултатите од едно неодамнешно истражување покажале дека местењето на креветот е една од оние навики што ги подобрува вашите продуктивност, расположение, па дури и сексуален живот.
Предности од местењето на креветот секое утро
Истражувањето е спроведено од компанијата за маркетинг истражувања „OnePoll“ која прашала 2.000 возрасни испитаници за нивните лични одлики и навиките за местење на креветот. Резултатите биле навистина изненадувачки. Според анкетата, постојат многу начини на кои секојдневното местење на креветот може да ви го подобри животот. Исто така оваа навика кажува многу и за вашиот карактер. На пример, се покажало дека луѓето што го местат креветот подобро спијат навечер, па дури можат и да се разбудат без будилник.


Истражувањето исто така покажало дека луѓето што го местат нивниот кревет се утрински личности, се будат порано и имаат пократки дремки за разлика од луѓето што не го местат креветот. Овие луѓе исто така имаат секс почесто за разлика од луѓето кои не го местат креветот секое утро. Резултатите покажале и дека луѓето кои го местат креветот најчесто уживаат во џез музика, имаат поголема самодоверба и се поголеми авантуристи.
За луѓето кои не го местат креветот наутро, истражувањето покажало дека најверојатно спијат до подоцна, работат во областа на бизнисот и финансиите и се срамежливи, љубопитни, саркастични и со променливо расположение.
Ова не е прв пат местењето на креветот да биде поврзано со продуктивноста и подоброто расположение. Во 2012-та година имало анкета во која учествувале 68.000 луѓе. Се открило дека 71% од луѓето кои го местат креветот се сметале за среќни, додека 62% од луѓето кои не го местат креветот изјавиле дека не се среќни. Најинтересно е што само 27% од испитаниците го местеле нивниот кревет.
Од овде потекнува прашањето: Дали сте несреќни бидејќи не го местите креветот, или не го местите креветот бидејќи не сте среќни? Според Вилијам Мекрејвен, пензиониран адмирал кој служел во морнарицата на САД, редовното местење на вашиот кревет може да направи чуда за вашата самодоверба. Вилијам, кој е и автор на книгата „Наместете си го креветот: Мали нешта што можат да ви го променат животот… а можеби и светот“ (Make Your Bed: Little Things That Can Change Your Life… And Maybe the World) напишал дека правењето нешто повторливо секое утро е едно од нештата што му овозможило успех во војската.
„Го покажуваше моето внимание кон деталите и на крајот на денот беше потсетник дека сум направил нешто добро, нешто за коешто можам да бидам горд, без разлика колку е мало.“
Нешто слично изјавила и Кејти Зискинд, лиценциран брачен и семеен терапевт. Според неа местењето на креветот е одличен начин да размислувате појасно, да се чувствувате посмирено и да се организирате.
„Просторот во којшто живееме е рефлексија на нашата ментална состојба. Наместениот кревет укажува на ментална јасност и одлики на лидер. Умот сака рутини. Местењето на креветот е утрински ритуал што го чисти вашиот ум од ноќта. Тоа ве смирува пред вечерта и ви овозможува да го започнете денот со позитивност.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.