Една од најотровните видови риби- фуга, која лачи отров кој е 1.250 пати појак од цијанид е воочена во Стримонскиот залив.
Оваа вест е објавена на грчки јазик во вид на предупредување.
Во предупредувањето пишува дека таа е безопасна за пливачите, но отровна ако се конзумира.
Фугата може да ја подготвуваат само готвачи кои ќе минат повеќегодишна обука и ќе стекнат лиценца, како доказ дека ги совладале сите потребни вештини во подготовката.
Они екстремните, оставаат сосема мала количина отров, колку на гостите да им утрне устата.
Дури ни високата цена од 100 до 200 долари од лице не ги предомислува екстремните љубители на риба да го пробаат овој специјалитет.