Предупредување: Утре ќе дува силен ветер, наместа и над 80 км/час

Од Управата за хидрометеоролошки работи, за утре најавуваат засилен ветер, наместа и над 80 километри на час.

Времето утре ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Температурите ќе се движат од 2 до 13 степени. Во Скопје претпладне со повремен дожд, а попладне облачноста ќе се намали, а ќе дува и засилен северен ветер. Температурата ќе се спушти до 5 степени, а максималната до 10 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи: