Пред да го отворите вашиот паричник …

Ако често ви се случува да посегнете по вашата кредитна картичка за да ги купите чевлите од вашите соништа, иако не знаете како ќе ја платите сметката-ЗАСТАНЕТЕ!
Многу досегашни студии направени на тема купување и непотребно трошење покажале дека милиони жени не можат да им одолеат на ниските цени, и се уште не можат да си дозволат да штедат. Следниот пат кога ќе бидете во искушение да ја држите во рака хаљината кој мора да ја имате, поставете си ги следниве три прашања:
Дали ја сакате или ви е потребна?
Потребна ви е ако … долго време планирате да ја купите. Со други зборови, тоа е внимателено купување и редовно ќе ја носите.
Ја сакате … ако имате веќе неколку слични хаљини во плакарот. Свртете се и право кон излезот на продавницата. Веднаш.
Често го правите ова? Запрашајте се зошто навистина се обидувате да се орасположите. Еден таков шопинг само ќе ве натера да посакате и следен шопинг кој нема да го реши проблемот што се наоѓа во позадина, без разлика дали е поврзан со работата, пријателите или врската.
Можете ли навистина да си ја дозволите?
Да, ако … цената е пониска од максималната која сте подготвени да ја плататите и ако во моментов имате доволно пари на вашата сметка.
Не, ако … сеуште не сте го подмирите минатомесечниот долг на кредитната картичка.
Често го правите тоа? Ова трошење значи дека ќе се чувствувате виновни кога ќе ја погледнете состојбата на вашата сметка. Направете свој „мал фонд на забава“, така што ќе  можете разумно да им се предадете на вашите задоволства.
Дали треба да купите нешто во моментов?
Да … ако потврдно сте одговориле на претходноте прашања, и ако е ова прилика што се случува еднаш во животот, што е тешко за верување, бидејќи продавници се полнат со гардероба секоја недела.
Не, ако сте навистина вознемирени доколку се вратите од шопинг со празни раце. Ако вака се чувствувате, вашите купувачки навики излегуваат од контрола. Напуштете ја продавницата, јавете се на пријателката и престанете да мислите на купување, туку размислувате за работите од поинаква перспектива.
Често го правите тоа? Треба да научите дека чекањето се вреднува повеќе одколку трошење без размислување. Започнете со мали чекори. Ставете секој ден по 50 денари на страна . За три месеци, тоа веќе ќе биде убава сума. Следниот чекор е да се обидете секој месец да ставите по 10 отсто од својата плата на штедна книшка. Сега – штедете!
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Ако често ви се случува да посегнете по вашата кредитна картичка за да ги купите чевлите од вашите соништа, иако

Пронајдете не на следниве мрежи: