Пред два месеци прогласија крај на корона: Црна Гора (повторно) прогласи епидемија

Денес, Националното координативно тело за заразни болести (НКТ), по предлог на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, донесе одлука повторно да ја прогласи епидемијата на коронавирус на целата државна територија.

Од утре ќе се воведат неколку нови привремени мерки, чија цел е дополнително да се спречи ширењето на коронавирусот, додека истовремено ќе се ублажат мерките во одредени општини каде е намален епидемиолошкиот ризик.

Носењето заштитни маски на отворено и во затворен простор е задолжително низ цела Црна Гора, вклучително и деца над 7 години, освен на плажи и во национални паркови, каде што е возможно физичко растојание и претходно пропишани мерки, јавува РТЦГ.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во Црна Гора соопшти дека во последните 24 часа направени се 612 тестови, а од 98 лица се заразени со коронавирусот што е околу 15% од бројката на направени тестови.

Во соопштението се додава дека вкупниот број на активни случаеви во Црна Гора изнесува 1.920 лица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.