Продолжија протестите и блокадите на студенти, просветни работници и граѓани во Србија. Граѓаните им оддаваат почит на жртвите од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад и во дискотеката „Пулс“ во Кочани со 75 минути молк пред амбасадата на Македонија во Белград.
Тие им оддаваат почит на 15 жртви од Србија и 59 од Македонија, кои загинаа во пожарот и на припадник на Итната помош, кој почина од срцев удар откако ги превезувал повредените цела ноќ.
Вработените на Медицинскиот факултет во Белград излегоа на штрајк, кој, како што велат, ќе трае се додека не се исполнат барањата на студентите. Обединетото образование на Србија повика на целосен прекин на наставата до 19 март.
Студенти и граѓани после Ургентниот центар во Белград, протестираа пред Министерството за здравство.