Пред појадокот подгответе си златно млеко

Златно млеко или млеко со куркума, е домашен природен лек корисен за здравјето.Овој напиток има повеќе од 150 потенцијално тераписки функции, богат е со антиоксиданси и има противвоспалителни и антиканцерогени својства.

Ова е малку поинаква варијанта на „златно млеко“, но подеднакво вкусен и здрав напиток, кој е многу убаво да се пие наутро на празен стомак.


Покрај куркумата во овој напиток додадовме ѓумбир и цимет, кои исто имаат корисни својства за организмот на човекот. Ѓумбирот значително помага за намалување на телесната тежина, делува како уништувач на масните наслаги, потоа влијае на имунитетот, добар е во борбата со алергиите…

а, циметот пак е извонредно вкусен зачин кој поради лековитите својства се споменува дури и во Библијата. Циметот одлично делува при воспаленија и инфекции, ги ублажува проблемите при варење, го регулира нивото на шеќер во крвта, помага при слабеење, ги ублажува ревматските болки, ја подобрува активноста на мозокот, го намалува количеството на лош холестерол

Подгответе го овој напиток, и ќе уживате во неговиот вкус!

Во 100 мл вода ставете по половина лажичка куркума, цимет и ѓумбир и оставете да зоврие. Што зоврие ставете 100 мл млеко. Оставете така на тивок оган да врие уште неколку минути. Откако малку ќе се олади засладете го по желба со една кафена лажичка мед.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.