На 04.07.2022 во 01.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Ж.Г.(25) и А.Г.(21), двајцата од Скопје, затоа што околу 00.30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Аеродром, пријавените заедно со Д.М.(20) од Скопје, од една страна и И.С.(42) од Скопје, од друга страна, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, во која И.С. употребил тврд предмет. Се работи на расчистување на случајот.
На 03.07.2022 во 17.42 часот во Полициската станица Аеродром, В.В.(48) од Скопје пријавила дека во 17.00 часот на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од нејзиниот сосед З.В.(46) од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.
На 04.07.2022 во 01.20 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, А.А.(22) од Скопје бил физички нападнат од Ж.Н. и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.07.2022 во 10.20 часот во СВР Битола, В.М.(37) од Битола пријавила дека на 02.07.2022 околу 21.30 часот на ул.„Минела Бабуковски“, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од К.П.(24) од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.