Ова се случи пред неколку дена во Берлин, кога арапскиот тиктокер, Захар Дас, ја запроси својата девојка пред стотици луѓе.
Како што може да се види на видеото, Захар мислел дека со цвеќиња, црвен тепих и огромно срце од рози ќе ја изненади и уште еднаш ќе ја освои својата девојка, која, се надевал, ќе го каже судбоносното „да“. Сепак, работите не се одвиваа како што тој се надеваше.
Целата сцена се одвивала пред околу 250 луѓе и додека сите ги имале телефоните во раце, Маја седела на стол со врзани очи. Меѓутоа, кога дошол моментот да го извади превезот, таа делумно разбрала за што се работи. Сепак, таа се сврте кон своето момче, каде имаше што да види – цвеќиња, ливчиња, црвен тепих, огромно црвено срце и нејзиното момче.
Маја потоа му пријде, а тој се спушти на едното колено и ја отвори кутијата во која беше прстенот.
До овој момент се било идеално, меѓутоа, како што можете да видите на видеото, девојката го видела прстенот и веднаш побегнала во толпата луѓе кои го гледале сето ова. После тоа, публиката му пријде на несреќното момче и се обиде да го утеши.