Ајфонот кој денес Купер го користи најмногу за телефонски повици е секако драстично различен од тешката цигла од жици и проводници со која беше воспоставен првиот мобилен повик на 3 април во 1973 година.
Проблемот со мобилните телефони е што луѓето премногу гледаат во нив. Барем така мисли човекот кој ги измисли пред 50 години.
Мартин Купер, инженер од САД наречен „татко на мобилниот телефон“, вели дека компактните мали уреди кои сите ги носиме во џебовите имаат неограничен потенцијал и еден ден може да помогнат во искоренување на многу болести.
Но, во денешно време, помалку сме и опседнати со нив.
„Ме потиштува кога ќе видам некој како ја поминува улицата гледајќи во мобилниот телефон. Тоа надвор од умот“, вели 94 годишниот Купер.
„Но, откако неколку луѓе ќе бидат прегазени од автомобил ќе се освестат“, се шегува тој.
Купер користи Епл Воч, и Ајфон од врвната класа, интиутивно менувајќи ги апликациите за е-маил, слики, Јутјуб и контрола над помагалото за слух.
Секогаш ги добива најновите модели и секогаш кога ќе добијат надградба темелно ги тестира.
Сепак, признава дека со милиони апликации кои се достапни, некогаш може да дојде премногу.
„Никогаш, никогаш нема да разберам како да го користам мобилниот телефон како што тоа го прават моите внуци и правнуци“, вели тој.
Вистинска мобилност?
Ајфонот кој денес Купер го користи најмногу за телефонски повици е секако драстично различен од тешката цигла од жици и проводници со која беше воспоставен првиот мобилен повик на 3 април во 1973 година.
Во тоа време работел за Моторола, водејќи тим на дизајнери и инженери со кои се тркале да стигнат до првиот вистински мобилен телефон и да избегнат да ги потисне конкуренцијата на ветувачкиот пазар.
Компанијата инвестирала милиони долари во проектот, во надеж дека ќе го победи „Бел Систем“, гигантот кој доминираше во телекомуникацискиот сектор на САД повеќе од еден век, од основањето во 1877 година.
Инженерите на Бел ја лансирале идејата за мобилен телефонски систем уште по Втората светска војна, и до крајот на 60-те стигнало да стават телефони во автомобилите претежно затоа што таму имало место за сместување на огромните батерии кои биле неизбежни.
Но, за Купер тоа не претставувало вистинска мобилност.
На крајот на 1972 година одлучил дека е потребен уред кој може да се носи секаде.
Така со целокупните ресурси на Моторола на располагање собрал тим од експерти за полупроводници, транзистори, филтри и антени, со кои три месеци работел деноноќно.
До крајот на март стигнале до откритие, претставувајќи го DynaTAC – Динамичен адаптивен телефон за со целосна покриеност.
„Телефонот тежеше околу килограм и имаше батерија за разговор од 25 минути. Тоа не беше проблемот. Овој телефон беше толку тежок што не можеше да го држите цели 25 минути“, вели Кушет.
Тој прв телефонски повик не мораше да трае долго. Само требаше да функционира.
И на кој друг да му се јави прв ако не на ривалот?
„Така стојам на Шеста авенија, и ми текна дека мора да му се јавам на мојот соперник во Бел Систем, д-р Џо Енџел“.
„И му велам, Џоел, на телефон е Мартин Купер, ти се јавувам на рачен мобилен телефон. Ама од вистински мобилен телефон, персонален, преносен и рачен“.
„На другата страна на слушалката владееше тишина. Мислам дека само стискаше со забите“.
Како се развиваше мобилниот?
Од мобилни телефони со големина на цигла, популарни кај берзанските брокери до интензивно моќни компјутери кои ги собира во џебот, мобилните телефони се калеа низ иновации од половина век.
1973: Ало, Мото
По историскиот повик на Купер беа потребни уште 10 години за првиот мобилен да биде се најде на пазарот.
Во 1983 година Моторола започна со продажба на DynaTAC 8000X во САД по цена од дури 3.995 долари.
1992: „Честит Божиќ“
На 3 декември 1992 година, вработениот во Водафон Ричард Џарвис ја доби првата СМС порака.
Неговиот компјутер му честиташе Божиќ.
Пораката потоа ќе се продаде на аукција во форма на НФТ во 2021 година за 150.000 долари.
1997: Финсковација
Финскиот бренд Нокиа започна серија на иновации кои ги поместија можностите на мобилните телефони
Во 1997 година со Нокиа 3110 беа претставени мобилните игри со „Змија“
Две години подоцна, 7110 е првиот мобилен телефон кој користи безжична мрежа за интернет прелистување, а истата година моделот 3210 го претстави предвидувањето зборови при пишување.
Во 2003 година Нокиа го лансира евтиниот, крупен модел 1100 наменет за земјите во развој. Со пласирани 250 милиони примерици стана најпродаваниот телефон во историјата
2001: 3Г во Јапонија
Јапонија е првата држава со функционална 3Г мрежа со супербрз пристап до интернет
Следеше брзо по доаѓањето на повеќе јапонски иновации, меѓу кои и Kyocera VP-210 првиот телефон со опција за видео повици во 1999 година, и година потоа Sharp SH04 првиот телефон вградена камера на задната страна
2007: Првиот „Ајфон“
„Денес Епл ќе го реиновира телефонот“, рече Стив Џобс на претставувањето на паметниот телефон пред љубопитната публика
Истата година е лан
сиран „Дрим“ на ХТЦ како прв смартфон со Андроид оперативниот систем на Гугл.
Продавницата за апликации „Еп Стор“ е воведена во 2008 година.
2009: Подемот на апликациите за допишување
Лансирањето на Вацап брзо го следеа други конкуренти како Вајбер, Вичат, Сигнал и Телеграм.
Овие апликации кои го користат интернетот наместо вообичаената мобилна мрежа го надминаа испраќањето СМС пораки во 2012 година.
Стокхолм стана првиот град кој на корисниците им нуди многу брза интернет конекција со 4Г покриеност во 2009 година.
2011: Емоџи треска
Сири пристигнува во 2011 година, овозможувајќи им на корисниците на iPhone 4S да праќаат пораки, закажуваат состаноци, остваруваат повици дури и да пребаруваат на интернет едноставно со гласовни команди на телефонот.
Гугл и Амазон во следните години ги развија нивните конкурентни гласовни асистенти.
Истата година, „емоџи“ треската ја зафати планетата кога малите ликови, нацртани во 1999 година од Шигетака Курита, се вклучени во библиотеката на карактери на iPhone.
2019: 5Г, смартфони на преклоп
Јужна Кореја стана првата држава со покриеност на 5Г мрежа со изгледи за уште побрза поврзаност.
Самсунг од Јужна Кореја и Хјуавеј од Кина ги лансираа првите смартфони на преклоп, моделите „Галакси Фолд“ и „Мејт Икс“.
Пронајдете не на следниве мрежи: