На Фејсбук некој се обидел да го злоупотреби името на Игор Џамбазов. Лажниот профил на социјалната мрежа, кој се претставува дека е офцијален на македонскиот шоумен, се обидува да изнуди пари и лажни донации за, како што е пренесено, младо момче.
„Пред извесно време бевме извесени дека некој го злоупотребува името и делото на Игор Џамбазов.
Иако беше обjавено на почетокот на месецот за овој случај, сепак профилот е сè уште активен.
Затоа ве замолуваме да го пријавите лажниот лик кој има за цел да изнуди пари за наводно собирање донации-информира Џамбазов.