Премиерката Мете Фредериксен: Данска ќе донира 19 ловци Ф-16 на Украина

Данска ќе донира 19 борбени авиони Ф-16 на Украина, изјави данската премиерка Мете Фредериксен на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во воздухопловната база Скидструп, јави БТА. 

Премиерката Мете Фредериксен: Данска ќе донира 19 ловци Ф-16 на Украина

Фредериксен рече дека се надева дека првите шест ловци ќе бидат испорачани околу Нова година, а во 2024 година Украина ќе добие уште пет авиони.

Зеленски пристигна во посета на Данска, неколку часа по посетата на воздухопловната база во Холандија, каде што исто така доби уверување дека неговата земја ќе добие борбени авиони Ф-16.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.