Премиерот Заев би заменил две Нобелови награди за отпочнување на преговори на Европскиот Совет

Во интервју за белгискиот весник “Ле Соар“ премиерот Заев уште еднаш ги повика земјите членки на ЕУ да преземат одговорност и да испорачаат датум за преговори. Доколку не се додели датумот за преговори, како што вели премиерот, тој ќе биде обвинет дека ги излажал пратениците дека гласањето за Преспанскиот договор значи отворање на вратите на ЕУ.
– Кажав дека ако го смениме името, ако одржуваме добри односи со Грција, со Бугарија, дека ако се прават сите реформи, Европа ќе си ги исполни ветувањата. Ако тоа не биде случај, нормално е да се преземе одговорност, нема да чекам опозицијата или Собранието да направи нешто, ќе преземам одговорност и ќе го вратам мојот мандат, вели Заев во интервјуто за белгискиот весник “Ле Соар“.
Во разговорот Заев предупредува дека постои ризик од враќање на национализмот и радикализмот во нашата земја.
-Поминавме низ овој ризик во последните единаесет години. Имавме “хибриден“ режим кој ги уништи сите демократски права и слободи, сите основи на нормална земја, и ризикот е да се вратиме во тоа време, вели Заев.
На прашањето за номинацијата за Нобеловата награда, тој порачува дека би заменил и две такви награди за одлука на Европскиот Совет за отпочнување на преговори.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK