Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска и утре ќе присуствува на состанокот на Светскиот економски форум во Женева, Швајцарија на тема „Стратешки дијалог на Западен Балкан“.
На состанокот во Женева најавено е присуство на лидерите од Западен Балкан и претставници од поширокиот регион, на претставници од Европската комисија, од други организации и од организаторот, Светскиот економски форум.
За вечерва е предвидена работна вечера, а утре ќе има работна сесија на учесниците на Светскиот економски форум.
На состаноците се очекува да се разговара за политичката и економската клима во Европа, за предизвиците и можностите на политички и економски план, за развојот на Западен Балкан и фокусот кон позитивна агенда за иднината на регионот.