Премиерот Заев и македонска владина делегација денес во Виена

Денес владина делегација предводена од премиерот Заев ќе учествува на Виенскиот економски форум “Виенски економски разговори – нови перспективи за Република Македонија“.
Делегацијата, во која се вклучени вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за финансии Драган Тевдовски, како и министерот за образование и наука Арбер Адеми на форумот, покрај дискусија за можностите за инвестирање во Северна Македонија, ќе остварат и средби со претставници на реномирани австриски компании.
Покрај ова предвидена е средба на премиерот Заев со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.