Одговарајќи на новинарско прашање премиерот на Република Македонија, Зоран Заев кажа дека нема намера да се кандидира за претседател на Р. Македонија.
„Не, не би прифатил. Мислам дека треба да се истрае цел мандат, да се даде шанса на економијата, да се доврши овој процес во кој се наоѓаме. Јас мислам дека има многу подобри кандидати од мене“, рече Заев.