На денешната прес-конференција во Владата со цел да ги расчисти дилемите околу тоа дека Беса не бара да се смени идентитетот премиерот Зоран Заев изјави дека државјанството е македонско и така и ќе остане. Заев нагласи дека Македонците во државата не треба да се плашат дека некоја албанска партија или албански пратеник бараат да се загрози идентитетот, ниту пак, Албанците треба да се плашат дека некој сака да ги именува како Македонци.
На пресот премиерот Заев откри дека пратеникот Панчо Минов од ГРОМ ќе гласа за уставните измени, но дека не може да потврди и за Елизабета Канческа, за која во јавноста се шпекулира дека се колеба. Тој, исто така, рече дека не може да тврди дека има 80 пратеници што ќе гласаат, но дека е оптимист дека 2/3 мнозинство ќе се постигне. Доколку тоа не биде случај, најави дека ќе се понесе одговорност.
Заев очекува гласањето за уставните измени да биде денес, или најдоцна утре, што веќе уште утрово го објави грчки “Катимерини“.