Премиерот Заев ќе ги израдува пензионерите

Денес премиерот Заев обраќајќи се пред пензионерите на Републичката ревија на песни, музика и игри 2019 година соопшти дека растот на економијата во првиот квартал од годинава достигнал 4,1 отсто. Истовремено тој вети повисоки пензии, бидејќи за една година биле вработени 40 илјади граѓани.
– Кога економијата расте над четири отсто и го достигнува потенцијалот тогаш и пензиите растат и тоа е фер. Денеска на пладне на прес конференција ќе соопштиме дека БДП за првиот квартал од оваа година е 4,1 отсто, што значи дека ќе има динамично растење на пензиите и ако продолжиме со овој тренд тоа значи дека покрај редовното усогласување со трошоците на живот ќе имаме димензионирано сериозно растење на пензиите затоа што вкупно лани, односно од 2018 до 2019 година се вработени нови 40 илјади луѓе – кажа премиерот Заев.
Податоците за растот на БДП во првиот квартал ќе ги објави во текот на денот и Државниот завод за статистика.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.