Премиерот на Црна Гора,Милојко Спајиќ изјави дека ќе поднесе оставка доколку просечната плата во земјава не е 1.000 евра, а минималната е 700 евра.
Спајиќ на прес-конференцијата по повод претставувањето на резултатите од 100-те дена работа на владата одговори потврдно на новинарско прашање дали ќе поднесе оставка доколку не се исполни горенаведеното.
„Апсолутно. Знаете дека обожавам јасни ветувања што секој може да ги разбере. Имав слично ветување пред Европа 1, а сега пред Европа 2, точно истото ветување. Сите можете да го снимате со камери, да го испечатите каде сакате, да го ставите на билборди, тоа ветување ќе се исполни“, рече Спајиќ.
Тој во воведниот говор потсети дека Владата за многу краток период подготвила ребаланс за минатата година и фискално одговорен буџет за оваа година.