90
Протеинските шејкови се еликсир за многу бодибилдери и рекреативци кои сакаат да ги зајакнат или „тонираат“ мускулите и да ја обликуваат својата фигура во теретаните, бидејќи на телото му се потребни протеини за обновување на мускулите и ткивата, пренесе Стандард лајф.
Сепак, ништо не треба да се претерува.
Добивањето повеќе од 22 проценти од калориите во исхраната од протеини, обично од јајца, месо и млеко, може негативно да влијае на стврднувањето на артериите, состојба што на крајот може да резултира со мозочен удар, срцева слабост и срцев удар.
Ова го покажаа резултатите од тестовите направени на лабораториски глувци и луѓе спроведени од Медицинскиот факултет во Питсбург и објавени во списанието Nature Metabolism.
Нашата студија сугерира дека зголемувањето на внесот на протеини во обид да се подобри метаболичкото здравје не е лек.
„Ако претерате, може да ги оштетите вашите артерии“, предупреди професорот по кардиологија и коавтор на студијата, д-рБабак Разани.
Резултатите од истражувањето на тим експерти од Питсбург покажаа дека леуцинот, есенцијална аминокиселина во протеинот што ги гради мускулите и го активира протеинот познат како mTOR кој ја активира синтезата на мускулните протеини, „непропорционално влијае на започнувањето на патолошките патишта поврзани со развој на атеросклероза и стврднување на ѕидовите на артериите“.
Разaни и колегите забележаа дека нивното истражување покрена дополнителни грижи, како што е прашањето што се случува кога едно лице троши повеќе од 15 проценти од дневните калории од протеини како што е препорачано од USDA (Одделот за земјоделство на Соединетите Држави).
Експертите предупредуваат дека треба да бидете внимателни и да дознаете која е оптималната количина кога тоа вклучува внес на протеини кои влијаат на растот на мускулите, но во исто време не ги оштетуваат артериите.