Дали некогаш сте размислувале кои се лошите знаци во вашата врска? Веројатно ги знаете , но понекогаш е тешко да признаете дека постојат токму во вашата врска, бидејќи тоа е единственото решение да продолжите понатаму.
Ако тој секогаш сака да биде дома, а ти си повеќе за излегување и никако неможете да најдете решение, бидете сигурни дека еден од вас секогаш ќе биде несреќен. Можеби е време за некој кому социјалниот живот му е сличен на вашиот.
Ако сте со него/неа само за да не сте сами.
Веќе долго време не му покажувате или кажувате дека го/ја сакате.
Ако го нема или ја нема тогаш кога сте си најпотребни еден на друг на пример кога ќеви се расипе автомобилот, кога треба да се прошета вашето куче или слично.
Секогаш внимавате што зборувате еден пред друг, за некои од вас да не биде навреден.
Секое машко со својата девојка треба да се однесува со почит. Но, ако во вашата врска се чувствувате лошо, и ако не ви се посветува доволно внимание тоа е еден од лошите знаци.
Ако сте се изневериле еднаш веројатно тоа ќе го направите повторно.
Ако вашите проблеми остануваат нерешени. Многупати се обидувате да го решите проблемот, но ниту еднаш не мрднавте од мртвата точка. Време да се тргнете од таа врска.
Честопати размислувате за тоа како ви треба време за себе, како сакате да се посветите на кариерата.
Секоја врска има свој природен начин на одвивање на настаните (запознавање, заеднички живот, веридба…) ако вашата нема никаков апсолутно никаков напредок тогаш тоа е лош знак.Дали некогаш сте размислувале кои се лошите знаци во вашата врска? Веројатно ги знаете , но понекогаш е тешко да призн