Преполни болници по експлозијата во Бејрут: Вирови од крв во чекалните

Најмалку 10 лица загинаа денес во две експлозии што се случија во пристаништето во Бејрут. Според првите информации, пожарот го зафатил магацинот за муниција, кој потоа експлодирал, а причината за инцидентот сè уште не е позната.

Исто така, болниците во Либан се преполни со повредени, а сè уште не се знае колкумина биле повредени во овие две експлозии. На социјалните мрежи се појавија видеа кои ја прикажуваат ситуацијата во болницата „Свети Јосиф“, каде што биле примени голем број повредени лица.

Пронајдете не на следниве мрежи: