вторник, 24 ноември 2026
Најново

Препораки за безбедност од КОРОНА за време на одмор

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај
Со зголемениот број на посетители на туристичките места низ државата, клучно е да се почитуваат личните мерки за заштита и донесените протоколи за работа на плажите и базените од страна на СИТЕ.
Да го сочуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски. 👇
✅ Заштитна маска на лицето, држење физичка дистанца, често миење на рацете;
✅ Ограничување на бројот на посетители на плажа до максимум 15 посетители на 100 м²;
✅ Задолжително меѓу поставените чадори да се обезбеди минимално растојание од 4 метри, а растојание од 1,5 до 2 метра меѓу лежалките поставени под соседни чадори;
✅ Лежалките задолжително да се дезинфицираат пред и по користењето на секој посетител, а секое лице задолжително да постави пешкир на лежалката пред да ја употреби;
✅ Во однос на работата на базените, пред билетарите задолжително да се обележи растојание од 1,5 до 2 метра;
✅ Да се препорача и практикува бесконтактно плаќање со кредитни картички и да се обезбеди и препорачува онлајн купување на билети;
✅ Користењето на соблекувалните е дозволено по принцип еден посетител во една соблекувална со воспоставување ред од назначени лица од редарска служба;
✅ Зачестено да се чистат и дезинфицираат соблекувалните на секои два часа (по потреба и почесто).
✅ При влез во базенскиот дел, задолжително секој посетител да се истушира и да помине преку хиперхлорирана дезбариера за миење на нозете.

Поврзани вести