Прерана ејакулација

Што да направите кога ќе завршите премногу брзо?
Верувале или не, жените се свесни дека тоа се случува доста често.
Тоа им се случува и на најспремните момци. Вие сте со девојка и се чувствувате добро – навистина добро. Наеднаш, премногу добро. Вие веќе сте завршиле, а речиси ни минута не поминала. И додека таа ве гледа право во очи, имате дел од секундата да одлучите што да направите околу вашита прерана ејакулација. Треба ли да се обидете да направите шега од целата ситуација или навистина се да се извините? Еве неколку совети како би требало да изреагирате.
Насмејте се во врска со тоа
Доколку повремено се обидувате да направите шега за ситуацијата е прифатлива реакција. Дури може и да ја насмеете девојката, па на сметка на тоа да имате пријатна вечер. Земете пауза, добро изнасмејте се, а потоа обидете се повторно. Ако неа ова веќе не и е смешно, имате две опции: 1) преминете на главниот дел или 2) најдете девојка која не е толку напната.
Извинете се
Секако, можете да се извините за предвременото завршување. Едно брзо “Жал ми е” не би штетело, не е потребно свечена изјава за жалење. Единственото нешто за што навистина треба да жалите е што сте ја оставиле незадоволена по вашиот брз оргазам.
Не се муртете
Возрасните мажи не треба да се муртат. Тоа не е соодветна реакција особено ако прерано сте ејакулиларе. Бидете маж, обидете се повторно. Ова може да ви се чини обесхрабрувачко, но доколку дејствувате како мрзоволно две-годишно дете, сигурно дека нема да добиете втора шанса. Нема ниту да добиете екстра поени ако успеете директно или индиректно да ја натерате да се почувствува дека прераната ејакулација била нејзина вина.
Не паничете
Во случај на неочекуван оргазам, спротивставете му се на срамот. Останете смирени и обидете се да не правите драма од тоа. Таа сеуште ќе ве чека да излезете од тоалетот, а вашата паника само ќе ги искомплицира работите.
Обидете се да и објасните
Фразата “ова никогаш не ми се случило” не треба да излезе од вашата уста особено во оваа ситуација. Таа веројатно нема да поверува и покрај вашето инсистирање на реткоста на оваа појава. Верувале или не, жените се свесни дека ова се случува одвреме-навреме. За тоа не треба посебно објаснување.
Не пробувајте да изглумите дека тоа не се случило
Да изглумите оргазам е една работа, но да изглумите дека не сте доживеале оргазам е веројатно уште потешко. Постојат докази зад вас. Затоа, не се обидуваат да се преправате дека тоа не се случило, само продолжете така што ќе и го задржите задоволството на друг начин. Пенисот не мора да биде директно вклучен за сексот да продолжи.
Оддвлечете и го вниманието
Најдобара можна реакција после прерана ејакулација е да го фокусирате вашето внимание на нејзиното задоволство, а со тоа да го занемарите фактот дека веќе сте завршиле. Ако ја користите вашата уста, раце или секс играчки со цел да ја задоволите, таа нема да се грижи за тоа дека вие веќе сте доживеале оргазам.
Обидете се повторно
Не е важно која реакција го предизвикала моментот на вашиот ненавремен оргазам, вие секогаш можете да ја спасите ситуацијата доколку се “соберете” и почнете од самиот почеток. Ако не можете да успее во тоа и по втор пат, бидете сигурни дека таа ќе биде среќна доколку со помош на други средства кои ви стојат на располагање ноќта ја поминете со неа,а вашата ефикасност, која ја поседувате ќе можете да и ја покажете во утринските часови.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Што да направите кога ќе завршите премногу брзо?
Верувал

Пронајдете не на следниве мрежи: