Пресврт во Белорусија: Лукашенко вели дека ќе има нови избори

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави денеска дека во земјата ќе бидат организирани нови претседателски избори, но кога ќе бидат прифатени измените во уставот, пренесува Спутник. 

– Ние мора да донесеме нов Устав. Мора да се донесе на референдум, затоа што претходниот устав го усвоивме и на референдум и, според новиот устав, ако сакате, да одржите избори – и парламентарни и претседатели и локални – рече Лукашенко за време на разговорите со работниците во фабриката за трактори во Минск.

Белорускиот претседател претходно објави дека ќе ги пренесе своите овластувања преку Уставот, но, како што нагласи, „не под притисок и не на улица“.

Лукашенко додаде дека е подготвен да ја напушти функцијата порано или подоцна.

– Секако, ќе заминам еден ден. За една или две години. Но, не можеме да го оставиме овој Устав на никого. Затоа што тоа ќе биде катастрофа. Најмногу се плашам од тоа – истакна белорускиот претседател порано во текот на денот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.