Пресврт во случајот со смртта на аналитичарот Владан- кучињата кои го усмртиле имале газда

Трите кучиња кои денес искасаа маж кој подоцна почина, не се бездомни улични кучиња, туку кучиња со сопственик со јасни докази за сопственост, изјавија за Танјуг од Ветерина Београд.

Трите кучиња носеле ремчиња со ознаки на кои биле испишани телефонските броеви на нивните сопственици. Како што беше кажано во Ветерина Белград, три кучиња преку отворена капија во Велика Иванча излегле од дворот и нападнале маж и жена кои минувале.

Мажот искрварил до смрт набргу по нападот и починал на лице место, а телото е однесено на обдукција, додека сопругата е тешко повредена, соопшти претходно денеска Танјуг.

Како што рекоа за Танјуг, едно од кучињата е од расата Стафорд, едното е мешавина од Стафорд и питбул, а третото е мешавина од непознато потекло.

Сите три кучиња се во карантин во Ветерина Белград. Човекот кој почина е Владан Радосављевиќ (62), новинар и аналитичар од Белград.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.