„Преспавци“ во издание какво никогаш не сте ги виделе -Талат е тотално непрепознатлив

„Преспавци“ вака или онака се омилени, а возбудата околу и за нив, дополнително расте кога сме во исчекување на 5-тата сезона која е на пат.
Дека тие работат под полна пареа, потврди и Васил Зафирчев, попознат како готвачот Марио, кој на својот Инсатграм објави фотографија заедно со своите колеги „преспавци“ каде се заедно во едно студио за танц и фитнес.


Во описот на истата стои дека се на проба, а на што друго ако не за „Преспав“. Она што е интересно е дека на фотографијата во секојдневно издание и кога не ги играат: Марио, Тони, Исаура и Талат, тие изгледаат доста поразлично, особено Талат кој со брада тешко би го препознале, а исто и Тони.
Но, на вчерашната „Златна бубамара“ беа „скоцкани“ од глава до пети, а имаа и зошто.
Екипата на „Преспав доби не една, туку две награди, за ТВ проект на годината, а пак уште една награда замина на рецепција, односно во рацете на Јелена Јованова која доби награда за актерка на годината.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.