„Преспав“ повторно се враќаат на малите екрани

Омилените ликови од тв-серијата „Преспав“ на голема задоволство на гледачите повторно се враќаат на малите екрани.
Кон средината на овој месец ќе започне да се емитуваат новите епизоди од 5-та сезона на серијата која ги освои симпатиите на публиката. Истата постава на актери, плус во оваа сезона се враќа и Миле Бузлески, односно актерот Владо Јовановски. Тие веќе го објавија тизерот под мотото: „Каков го оставивме, таков и го начекавме. Сплетки, интриги, љубовни заврзлами… и по некој турист. Нова сезона на „Преспав“ наскоро на МРТ1“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.