Преспанскиот договор е мртов, констатира Каменос

По Бугарија изјавите на македонскиот премиер Зоран Заев за Македонците и македонскиот јазик наидоа на жестока реакција и во Грција. Многу слично на неговиот бугарски колега Каракачанов, по изјавата на Заев денес грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, констатира дека Преспанскиот договор е мртов. Според грчкиот весник “Катимерини“ Каменос се вознемирил по изјавата на Заев кога рекол дека ние сме Македонци и зборуваме македонски јазик и дека тоа никој не може да го негира.
-Неодамнешните коментари на премиерот Зоран Заев, во кои тој говореше за македонскиот идентитет и јазик, ставија крај на секоја дискусија во врска со опстанокот на т.н. Преспански договор, реагираше денес Каменос.
Тој по примерот на Каракачанов, Р.Македонија ја нарече Титова творба, а изјавите на Заев пропаганда на Мусолини и Тито.
-Иредентистичкото и провокативно однесување на Скопје ѝ покажува на меѓународната заедница дека не само што се неподготвени да бидат дел од меѓународни организации, туку и ги оправдува сите оние кои од самиот почеток тврдеа дека се уште се заробени во пропагандата на Мусолини и Тито, напиша Каменос.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.