Престанете да мислите дека не можете да бидете среќни бидејќи сте сингл

Престанете да се убедувате дека не можете да бидете сами. Престанете да го давате срцето на луѓе кои ви покажале и најмал романтичен гест. Престанете да се грижите дека никој нема да ве сака. Престанете да им љубоморите на паровите околу вас. Престанете со огорченоста за Денот на вљубените. Престанете да се сомневате во вашата способност да бидете независни.
Престанете да мислите дека не можете да бидете среќни бидејќи сте сингл
Престанете да верувате дека не можете да бидете среќни ако не сте во врска
Без сомнение, да имате некого кој ја задоволува вашата потреба за интимно внимание е навистина добро. Ова е извор не само на среќа, туку и на гордост. Но заборавете на тоа дека ова ви е потребно. Можете да преживеете и без партнер бидејќи сè што ви е потребно сте самите вие. Ако ја пронајдете сродната душа, гледајте го тоа како бонус во вашиот стабилен живот.


Потребна е голема посветеност за да ја постигнете независната среќа. Мора да го научите ова и да стане дел од вас. Размислете за ова, можете да живеете среќно без никого и да уживате во слободата што ја имаат само луѓето кои се сингл. Можете да се фокусирате на вашите цели, на вашиот успех, на вашиот личен развој. Можете да уживате во многу нешта без да барате одобрување. Не мора да го ограничувате вашето време за семејството и пријателите. Можете да го поминете целиот ден или целата недела правејќи го она што го сакате.
Почнете да верувате дека можете да научите најмногу за животот без да бидете во врска
Кога сте во врска често сте презафатени со партнерот и со самата врска. Се фокусирате на тоа како да го одржите квалитетот на врската наместо да учите за сите нешта што ги сретнувате во секојдневниот живот. Испуштате многу настани што би ги ценеле доколку сте сами. Кога сте сингл го набљудувате светот на интелигентен начин и само со ваша перспектива. Се мотивирате да правите необични работи бидејќи знаете дека не е само љубовта она што ви го разубавува животот. Најважно од сè, учите како сами да се справувате со нештата без потреба да се потпирате на некој друг. Само вие можете да си помогнете.


Почнете да верувате дека ќе ја имате најдобрата врска дури откако ќе научите да бидете независни
Вашите стандарди ќе бидат високи поради многуте искуства преку кои сте стекнале мудрост и сила. Ова се нешта што нема да сакате да ги потрошите на погрешната личност. Додека сте биле сами сте научиле како паметно да одбирате. Можеби нема да успеете, но тој неуспех ќе боли помалку бидејќи ќе знаете дека сте ја изгубиле само личноста, а не и себеси. Можете само да замислите колку е добро да бидете во врска откако сте поминале време сами со себе.
Ако сте во врска, тоа е одлично. Само без разлика што ќе се случи, немојте да се изгубите. Ако сте сингл, тоа е уште подобро. Имате уште многу време да се грижите за себе и да уживате во животот како независна личност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.