Во неделата во Македонија ќе провладува претежно облачно и студено време со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер ( наместа над 70км/ч.).
Дневните температури ќе се движат од 3 степени во повисоките области на западот до 13 Целзиусови степени на југот.
Во Скопје и околината, исто така, денеска ќе биде претежно облачно и студено со врнежи од дожд. Кон крајот на денот во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а темпеатурата ќе достигне до 8 степени.
The post Претежно облачно и студено, со врнежи од дожд, а на места и снег appeared first on 365.mk.