Претпладнево земјотреси ги стресоа Истанбул и Крит

Земјотрес со јачина од 4,7 степени го погоди денеска југозападниот дел на Истанбул. По него имало и втор земјотрес со иста јачина.
Првиот земјотрес во 11 часот е регистриран на длабочина од околу 10 километри во Мраморното Море, а вториот во реонот на Силиври, исто така во Мраморното Море.
Засега нема извештаи за загинати или за причинета материјална штета.
Само неколку минути подоцна, земјотрес со јачина од 5,7 степени беше регистриран на 130 километри јужно од грчкиот остров Крит во Средоземното Море. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.