недела, 29 ноември 2026
Најново

Претпладне дожд, попладне сончеви периоди

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Изутринава и претпладнево времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се движи од 4 до 11, а максималната од 14 до 21 степени.
Во Скопско ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Попладне ќе има почести сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 8 до 18 степени.
Утре од крајот на денот и преку ноќта преку земјата ќе помине студен бран проследен со повремен дожд и засилен северен ветер. Во четврток сеуште ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура позначително ќе опадне. Од петок дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Поврзани вести