Времето денес во земјава ќе биде облачно со повремен дожд. Според Управата за хидрометеоролошки работи, изутрина ќе има зголемена облачност, а на југоистокот ќе има повремен дожд.
Врнежите попладне ќе престанат, а од север облачноста ќе започне да се намалува. Поради постуден воздух што ќе се прошири од север преку денот ќе остане свежо. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а дневната од 11 до 19 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината променливо облачно, попладне со намалена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 7 до 18 степени.
Во наредните денови ќе се задржи претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Утринските температури и понатаму ќе се задржат на неколку степени над нулата.