
И во Скопје слично време, променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурите ќе се движат помеѓу 15 до 27 степени.
Веќе од петок под влијание на топла воздушна маса од југ следува период на претежно сончево и потопло време со значителен пораст на температурите. Локално во попладневните часови повторно ќе има пороен дожд проследен со грмежи и услови за изолирана појава на град.