Претпладне променливо, попладне нестабилно

Денес во Македонија времето ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди. Попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 1 до 9, а дневната од 9 до 21 степени Целзиусови.
И во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди, но и со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе се искачи до 19 степени.
Утре претежно на југозапад, а во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно, во попладневните часови со локален пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Во петок и за време на викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време. Утринските температури на некои места ќе се спуштат и до минус 1 степен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.