Претпладне сончево и топло, попладне нестабилно

Денес времето во земјава аќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 степени, а дневната од 24 до 35 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.
И во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд. Утринската температура ќе достигне до 16, а дневната до 33 степени, а УВ индексот ќе биде 8.
Во недела и понеделник ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Од вторник ќе биде ветровито со услови за локален пороен дожд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.