Претпладне сончево, попладне невреме со дожд, грмежи и силен ветар

Времето во земјава претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. Минималната температура ќе се движи помеѓу 12 и 20, а максималната од 28 до 36 степени Целзиусови. УВ индексот ќе достигне 9.
И во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе изнесува 19, а дневната 35 степени.
Во следните денови во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Максималните температури до средината на наредната седмица ќе бележат благо опаѓање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.