Во Македонија времето денес претпладне ќе биде сончево, на одделни места со умерена облачност. Од пладневните часови особено на североисток ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува западен до југозападен ветер кој во западните делови и на повисоките места ќе се засилува. Минималната температура ќе се движи од 13 до 20, а максималната од 27 до 35 степени Целзиусови.
И во Скопје претпладне времето ќе биде сончево со мала облачност. Од пладне облачноста ќе се зголеми и во делови од Скопско ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Температурата ќе се движи помеѓу 18 и 34 степени.
Од утре попладне не очекува период со претежно попладневна нестабилност, на повеќе места проследена со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме. Утре и во средината на неделата ќе дува повремено засилен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Во периодот кој следува дневните температури ќе опаднат и во понеделник само некаде ќе го надминат 30-тиот степен.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.