Претпладне сончево, попладне нестабилно

Во Македонија времето денес претпладне ќе биде сончево, на одделни места со умерена облачност. Од пладневните часови особено на североисток ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува западен до југозападен ветер кој во западните делови и на повисоките места ќе се засилува. Минималната температура ќе се движи од 13 до 20, а максималната од 27 до 35 степени Целзиусови.
И во Скопје претпладне времето ќе биде сончево со мала облачност. Од пладне облачноста ќе се зголеми и во делови од Скопско ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Температурата ќе се движи помеѓу  18 и 34 степени.
Од утре попладне не очекува период со претежно попладневна нестабилност, на повеќе места проследена со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме. Утре и во средината на неделата ќе дува повремено засилен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Во периодот кој следува дневните температури ќе опаднат и во понеделник само некаде ќе го надминат 30-тиот степен.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.