Претпладне сончево, попладне нестабилно

Денес претпладне во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град. Утринската температура ќе се движи од 14 до 20, а дневната од 23 до 34 степени Целзиусови. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец, а УВ-индексот ќе изнесува 7.
И во Скопје и околината слично време, претпладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе достигне до 18, а дневната до 32 степени.
Во петок и за време на викендот следува период на стабилно и сончево време, со умерен до засилен северен ветер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.