Претпладне сончево, попладне пороен дожд и засилен ветер

Времето претпладне во земјава ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне под влијание на влажен бран во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се интензивираат и ќе се прошират во останатите подрачја. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови, каде локално ќе наврнат над 30л/м2. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 4 до 11, а дневната од 18 до 25 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд. Преку денот ќе дува умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 23 степени.
Во петок времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. На места врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Потоа следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.