Претпладне сончево со умерена облачност, попладне локален дожд

Во земјава времето денес претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во западните делови ќе има појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 9 до 17, а дневната од 22 до 31 степен Целзиусов. УВ индексот ќе изнесува 8.
И во Скопје и околината претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 28 степени.
Променливото и посвежо време ќе продолжи и во наредните денови. Најоблачно и најсвежо со повремен дожд ќе биде во вторник, кога во западните и јужните делови од земјава ќе има и пообилни врнежи од дожд, проследени со грмежи. Од среда дневната температура ќе биде во пораст, а кон крајот на неделата во попладневните часови повторно ќе има локални врнежи и грмежи.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.