Претпладне умерено облачно, попладне локален пороен дожд

Денес времето во Македонија ќе биде умерено облачно со услови за локална појава на краткотраен пороен дожд попладне. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено изразен долж Повардарието и во западните делови од земјата.
Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 22, Маврово 12, Охрид 17, Битола 20, Кавадарци 22, Крива Паланка 19, Берово 17 и Дојран 24 степени Целзиусови.
И утре се очекува времето да биде сончево со умерена облачност, но потопло.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.