Претплата на Инстаграм: Што добивате за вашите пари?

Мета официјално ја лансираше претплатата за Инстаграм Плус глобално, и за прв пат некои корисни функции повеќе не се достапни за сите.

Претплатата чини 3,99 долари месечно, а глобалното воведување започна на 4 јуни. Во исто време, Facebook Plus беше воведен по иста цена, како и WhatsApp Plus, кој чини 2,99 долари месечно.

Што нуди Инстаграм Плус?

Повеќето од новите функции се фокусирани на објавите во Story. Една од главните новини е Story Spotlight, опција што ги става вашите приказни на врвот на листата меѓу пријателите и следбениците за да ги направи повидливи.

сто така, постои и Story Extend, која го продолжува времетраењето на содржината на Story од стандардните 24 на 48 часа. Претплатниците исто така добиваат можност да креираат неколку различни листи на публика, наместо претходната опција „Блиски пријатели“.

Instagram Plus исто така овозможува пристап до подетални статистики, вклучувајќи податоци за прегледи на објави во Story, пребарување на луѓе кои ја гледале приказната, како и објавување содржина директно на профилот без да се појавува во каналите на други корисници.

Дополнително, претплатниците можат да користат ексклузивни икони на апликации, специјални фонтови за биографијата на нивниот профил и да закачат до шест објави на врвот од нивниот профил.

Нема отстранување на реклами

Сепак, едно нешто веднаш ќе го привлече вниманието на многумина: Instagram Plus не ги отстранува рекламите. Без разлика дали плаќате претплата или не, рекламите остануваат дел од искуството со апликацијата.

Многумина веруваат дека отстранувањето на рекламите би бил најсилниот аргумент за плаќање претплата, слично како и услугата YouTube Premium. „Мета“ експериментираше со верзии без реклами во минатото, па не е исклучено таква опција да се појави во иднина.
The post Претплата на Инстаграм: Што добивате за вашите пари? appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: